Русија е подготвена да плати? Трамп размислува за делумно укинување на санкциите – нафта, рудници и центри за податоци како цена

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја разгледува можноста за ублажување или делумно укинување на одредени санкции против Русија како дел од евентуален договор за прекин на војната во Украина, дознава британскиот „Економист“ од дипломатски извори, кои додаваат дека во тој случај Европската Унија би била „многу неволна“ да ги укине сопствените мерки против Москва.

Според неколку извори запознаени со преговорите, администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп разгледува сценарија во кои дел од санкциите на САД би можеле да бидат суспендирани доколку се постигне договор со рускиот претседател Владимир Путин.

Според украинскиот претседател Володимир Зеленски, Русија им понудила на САД договори во вредност од 12 трилиони американски долари во замена за ублажување на санкциите , додека „Економист“ ја опишува таа сума како јасно претерана, додека арктичката нафта и гас, рудниците за ретки метали, нуклеарниот центар за податоци и тунелот под Беринговиот теснец се наведени како можни области на соработка.

Како што е наведено, дел од санкциите би можел да ги укине американскиот претседател со сопствена одлука, но за откажување на многу други мерки, вклучително и оние поврзани со повеќето банки и енергетски проекти, би било потребно да се консултира Конгресот, во кој има многу противници на Русија.

Во исто време, според Патрик Лорд од консултантската компанија „Риск Адвајзори“, минатото лето голем број американски адвокати работеле прекувремено откако Трамп ја охрабрил Украина на нова рунда преговори, со цел да проучи можни сценарија во кои би можеле да се укинат санкциите против Русија.

Тие правни тимови, според „Економист“, анализирале различни модели на суспензија или олабавување на рестриктивните мерки , вклучувајќи ги и потенцијалните последици за банкарскиот сектор, енергетиката и меѓународните договори.

Како што е наведено, значаен дел од подготвителната работа поврзана со евентуалното укинување на санкциите е веќе завршена, а весникот наведува и дека Трамп „сака резултати“ пред среднорочните избори во ноември.

За разлика од Вашингтон, извори во Брисел нагласуваат дека укинувањето на европските санкции би барало согласност од сите земји-членки на ЕУ и исполнување на јасно дефинирани услови, вклучувајќи траен прекин на непријателствата и зачувување на територијалниот интегритет на Украина.

Дипломатски извори, исто така, наведуваат дека меѓу членовите на Унијата постои силен отпор кон брзото ублажување на мерките против Москва.

Исто така, во Европа, како што дознава британскиот неделник, расте загриженоста дека Трамп би можел да изврши притисок врз Украина да направи големи отстапки до јуни, рокот што го постави за постигнување мировен договор, со цел да се постигнат економски придобивки во Русија.

„Економист“ нагласува дека доколку санкциите бидат укинати , западните компании би можеле да учествуваат во трговијата со руска енергија, храна и метали, чиј годишен извоз е околу 300 милијарди долари, како и во инфраструктурни и рударски проекти промовирани од руските власти.

– Русија е најголемиот извозник на пченица во светот. Би сакале да бидеме вклучени – заклучува американски трговец во изјава за „Економист“.
The post Русија е подготвена да плати? Трамп размислува за делумно укинување на санкциите – нафта, рудници и центри за податоци како цена appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: