Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров му пренел дека Србија поднесува барање за итна седница на Советот за безбедност на ОН поради ситуацијата на Косово и Метохија, а додаде дека Лавров му ветил поддршка.
Дачиќ објасни дека барањето за итна седница на Советот за безбедност на ОН е поднесено поради општата ситуација на Косово и Метохија, теророт врз Србите, обидите за укинување на динарот и сè што претставува кршење на резолуцијата 1244 и сите други меѓународни документи поврзани на Косово и Србија.
- Се пријавил за правобранител, а го бркаат за криминал: Кој е Беким Емини, кандидат за правобранител?Прашање што би требало да ја мачи јавноста: Kaко некој би… Read more: Се пријавил за правобранител, а го бркаат за криминал: Кој е Беким Емини, кандидат за правобранител?
- Забележан манијак во Центар, се соблакал пред малолетнициВчера во 12.40 часот во СВР Скопје, од страна на 39-годишна… Read more: Забележан манијак во Центар, се соблакал пред малолетници
- Уапсени Турци во Карпош: Незаконски престојувале во државата, кај еден од нив пронајдена дрогаДвајца Турци уапсени синоќа во скопски Карпош. Незаконски престојувале во земјава,… Read more: Уапсени Турци во Карпош: Незаконски престојувале во државата, кај еден од нив пронајдена дрога
- УКРАИНА СТАВИ ДУРИ И САНКЦИИ ЗА РУСИЈА, ИРАН И КИНА: Зеленски потпиша важен декрет, еве кој е засегнат од меркитеПретседателот на Украина Володимир Зеленски ја спроведе одлуката на Советот за… Read more: УКРАИНА СТАВИ ДУРИ И САНКЦИИ ЗА РУСИЈА, ИРАН И КИНА: Зеленски потпиша важен декрет, еве кој е засегнат од мерките
- Билети за концертот на Адел од 3.500 долари до огромни 70.000 долари: Фановите гневни …По Европа, британската поп пејачка Адел ја продолжува турнејата во Лас… Read more: Билети за концертот на Адел од 3.500 долари до огромни 70.000 долари: Фановите гневни …
– Шефот на Постојаната мисија на Србија во Обединетите нации, Немања Стевановиќ поднесе барање за одржување итна седница на Советот за безбедност. Барањето за итна седница е поднесено до Чаир, односно Гвајана. Тоа барање може да се усвои без гласање, односно без приговори, но ако некој бара, може и да се гласа, бидејќи тоа е практика која е воведена последните години. Сметаме на таква ситуација сите земји сами да го прифатат одржувањето на оваа седница – изјави Дачиќ по министерскиот состанок за Западен Балкан во Рим.
Дачиќ додаде дека образложението на барањето за итната седница ја содржи целата хронологија и опис на актуелната состојба на Косово и Метохија.
– Многу брзо ќе имаме одговори на сите овие прашања. Амбасадо рот на Гвајана сигурно ќе свика состанок на кој ќе се разговара за ова прашање. Зборував со моите колеги и разговарав со претседателот утрово. Делот што сега е во ред е дел од она со што се занимава МНР. Сè останато подготвија канцеларијата за Косово и Метохија и преговарачкиот тим предводен од претседателот, со што одиме на седницата – рече Дачиќ.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.