Русија и Бразил ќе соработуваат во одбраната и нуклеарната технологија

 Рускиот премиер Дмитриј Медведев се средна со бразилската претседателка Дилма Русеф во средата со која ќе води разговори за соработката на полето на одбраната и нуклеарната технологија.Во средата рускиот премиер Дмитриј Медведев ја предводеше делегацијата која присуствуваше во главниот град Бразилија на заседанието на руско-бразилската комисија за соработка на високо ниво, а бразилската делегација ја предводеше бразилскиот потпретседател Мишел Темер.Оваа руско-бразилска комисија на високо ниво беше формирана во ноември 1997 година, а својот прв состанок го имаше во јуни 2000 година, а средбата во средата беше шеста по ред, забележуваат руските медиуми.На отворањето на состанокот, бразилскиот потпретседател Темер истакна пред состанокот дек главните прашања ќе бидат разгледувани на средбата со рускиот премиер Медведев и претседателката на Бразил, Дилма Русеф.„Нашиот разговор беше многу продуктивен… Сега ни претстојат да спроведеме подетални состаноци со присуство на нашите министри“, рекол бразилскиот потпретседател, според РИА Новости.Според него, средбите на комисијата се одржуваат доволно често, на секои две години. Според двете страни, се очекува да бидат потпишани поголем број договори, по што ќе следат изјави, но засега руската страна не сака да појасни во кои сфери се очекуваат најголемите договори.Од друга страна, оваа средба предизвикува голем интерес во светот, бидејќи станува збор за две земји богати со ресурси и брзорастечки економии. Така агенцијата Reuters повикувајќи се на портпаролот на бразилската влада пишува дека една од темите ќе биде продажбата на руските противвоздушни ракетни системи на Бразил.Имено, според агенцијата, Бразил сака пред светското фудбалско првенство во 2014 и олимписките игри во 2016 година да ги засили своите одбранбени капацитетит за да биде во можност да спречи можни терористички напади на спортските настани на кои се очекуваат многу странски гости.Бразил, исто така, ги најави плановите за изградба на дополнителни нуклеарни централи, а Русија го понуди своето учество во изградбата на нуклеарките,, обука на бразилските стручњаци, изработка на истражувачки реактори и снабдување со гориво за идните нуклеарни постројки.Посетата на премиерот Медведев е продолжување на посетата на бразилската претседателка Русеф на Москва во декември 2012 година и показател на важност која двете земји му ја даваат на градењето на односите во рамките на групата BRIC којашто ја сочинуваат земјите со растечки економии, Бразил, Индија, Кина и Русија.Врските меѓу Русија и Бразил стануваат сѐ посилни, со намера годишната трговска размена од сегашните 6,5 милијарди американски долари да се зголеми на 10 милијарди долари.
Макфакс Рускиот премиер Дмитриј Медведев се средна со бразилската претседателка Дилма Русеф во средата со која ќе

Пронајдете не на следниве мрежи: