Ракетата „Сојуз-2.1б“ успешно лансираше воен сателит во орбитата и сега тој работи нормално, соопшти руското Министерство за одбрана.
Според соопштението на Министерството, целиот процес се одвивал непречено. Ракетата беше лансирана денес од космодромот Плесецк во регионот Архангелск во 10:36 часот. „Воспоставена е и се одржува сигурна телеметриска врска со вселенското летало, целиот систем функционира нормално“, нагласи Министерството за одбрана.



