Руските воздухопловни сили извршија напад врз Главниот центар за радиоелектронско извидување на Разузнавачката служба на Министерството за одбрана на Украина (ГУР) во Киевската област и врз аеродромот Староконстантинов, соопшти ФСБ.
„Како одговор на провокацијата, ноќта помеѓу 9 и 10 ноември, руските воздухопловни сили извршија напад со хиперсонични ракети „Кинжал“ и го погодија Главниот центар за радиоелектронско извидување на Разузнавачката дирекција на Министерството за одбрана на Украина во градот Бровари, Киевската област, како и аеродромот Староконстантинов во Хмелничката област, каде што се распоредени познатите Ф-16“, се вели во соопштението.
Како што претходно беше објавено од страна на рускиоте медиуми, „ФСБ спречи операција на украинските и британските разузнавачки служби за киднапирање на руски авион МиГ-31 со хиперсонична ракета „Кинжал“, која требаше да се користи за провокација против најголемата воздухопловна база на НАТО во Романија“.



