Русија најавува нова вселенска мисија со човечки екипаж во 2018-та

Рускиот претседател Владимир Путин најави во петокот дека Русија во 2018 година ќе лансира вселенска мисија со човечки екипаж од новата космичка база во близина на границата со Кина.Како што пренесуваат тамошните медиуми, рускиот претседател Владимир Путин рекол дека новиот космодром Васточниј, кој во моментов се гради во областа Амур на рускиот Далечен исток, ќе се употребува за лансирање на мисии коишто ќе ги истражуваат Месечината и Сончевиот систем.Русија се надева дека новиот космодром, покрај постојниот  ракетодром Бајконур во поранешната советска република Казахстан, за своите вселенски мисии ќе го користат и САД и европските земји.Путин, исто така, најавил дека Русија до 2020 година во своите вселенски програми ќе вложи 1.600 милијарди рубљи или 39, 6 милијарди евра, со што тој сектор станува еден од приоритетите во земјата.„Во периодот меѓу 2013 и 2020 година, приближно 1.600 милијарди рубљи ќе бидат одобрени за вселенските програми. Развојот на нашиот вселенски потенцијал во иднина ќе биде еден од приоритетите на државната политика“, рекол претседателот Путин при посетата на локацијата на којашто се гради идниот космодром Васточниј.„Според мислењата на експертите, следните години светската побарувачка на вселенска опрема редовно ќе расте. Додека денес обемот на пазарот изнесува 300 до 400 милијарди американски долари годишни, во 2030 година би можел да достигне 1.500 милијарди“, нагласил Путин.И по изградбата на Васточниј, Русија и натаму планира да ко употребува Бајконур, за што според договорот со Казахстан годишни плаќа 115 милиони долари
МакфаксРускиот претседател Владимир Путин најави во петокот дека Русија во 2018 година ќе лансира вселенска мисија со човечки

Пронајдете не на следниве мрежи: