Денеска Русија протера 14 бугарски дипломати како одговор на мерките што Софија ги презеде против Москва во екот на конфликтот со Украина.
„Оваа мерка е одговор на целосно неоправданата одлука на бугарската страна да прогласи за непожелни 70 вработени во нашите институции во странство и да воведе квоти за дипломатски, административен и технички персонал на Русија во Бугарија“, соопшти руското Министерство за надворешни работи.
На почетокот на јули Бугарија прогласи 70 руски дипломати за непожелни лица.
Одлуката за протерување на бугарските дипломати ја соопшти вршителот на должноста премиер Кирил Петков, кој зазеде тврд став кон Русија откако таа ја нападна Украина на 24 февруари.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.