Русија разгледува тужба против Кипар

Сопствениците на руските депозити во кипарските банки на кои им се закануваат тешки загуби поради санацискиот кредит од Европската унија за спасување на Кипар од банкрот, разгледуваат стратегии за враќање на своите пари, а една од опциите би можела да биде тужба против Кипар или проти поединечните банки, соопштија адвокати свесни дека целата постапка ќе биде долга.Сопствениците на големите банкарски депозити и штедни влогови во кипарските банки, меѓу кои многу се Руси, руски државјани или руски компании, можат да загубат дури и до 40 отсто од вредноста на своите штедни влогови поради пакетот помош со кој Брисел има намера да го стабилизира кипарскиот банкарски систем чиј крах води кон банкрот на државата.„Вреди да се направи обид, нема да биде тоа правен случај кој ќе се реши за 24 часа, меѓутоа потегот кој се одлучија да го преземат изгледа како експропријација“, вели Андреј Голтсблат од адвокатската канцеларија „Goltsblat BLP“ во руската престолнина Москва.За да ги добие ветените 10 милијарди евра финансиска помош од меѓународните кредитори, односно од европската унија, Кипар мора да собере самиот најмалку 5,8 милијарди евра. Тоа, откако парламентот го отфрли планот за еднократно оданочување на сите банкарски депозити со 6,75 отсто до 100 илјади евра, и со 9,9 отсто за влоговите над оваа сума, може да го стори со присилни загуби на депозитите поголеми од 100 илјади евра, додека влоговите до 100 илјади евра ќе ги смета за гарантирани.Пакетот за Кипар од 10 милијарди евра е мал споредено со заемите што ги добија другите земји од еврозоната западнати во криза, како Грција на пример, но претставува повеќе од половината од 18-те милијарди евра вредност на кипарската економија. Кипар, иако е најмалата земја членка на Европската унија, според стравувањата на експертите, неговиот банкрот би можел да го дестабилизира европскиот финансиски систем. Вистинскиот проблем на Кипар е тамошниот банкарски сектор, бидејќи е неколкупати поголем од кипарската економија. Пакетот помош за Кипар ќе го плати со воведување еднократен данок на клиентите на банките и нивните сметки.Руските сопственици на ваквите сметки, а тие го прават најголемиот дел од имателите токму на овие депозити, би можеле да ја тужат државата Кипaр или поединечно банките во кои се нивните сметки и депозити.Реномираната лондонска адвокатска канцеларија PCB веќе примила три понуди со такви интересирања од Русија.Според рејтинг агенција Moody's, руските банки коишто вршат трансакции со руски фирми регистрирани на Кипар и со кипарските банки се изложени на ризик од вкупно меѓу 43 и 53 милијарди долари во случај на банкрот на Кипар. Притоа, обемот на средствата на руските банки кои се депонирани во кипарските банки, агенцијата го проценува на 12 милијарди долари, а износот на депозитите на руските компании на Кипар на 19 милијарди долари.Владимир Гидирим од московското претставништво на консултантската и адвокатска компонија „ Ernst & Young“ вели дека големите депозити нема директно да бидат одземани,односно конфискуваат, туку ќе се префрлат во ткн „добра банка“ како акционерски влог или во обврзници.„Тоа не е целосна експропријација, по една година влогот би можел да изнесува повеќе отколку почетниот депозит“ вели Гидирим.Како што се најавува во руските медиуми, пред донесувањето одлука за тужба пред Меѓународниот суд на правдата, адвокатите ќе ги разгледаат сите други опции за враќање на парите.
МакфаксСопствениците на руските депозити во кипарските банки на кои им се закануваат тешки загуби поради санацискиот кредит о

Пронајдете не на следниве мрежи: