Русија распоредува противавионски ракети на Крим

Со распоредување на повеќе противавионски ракетни системи Русија ќе ја засилува својата одбрана на Крим, изјави официјалниот претставник на руското Министерство за одбрана, Вадим Астафјев. Тој рече дека Русија на Крим ќе додаде уште еден систем С-400 на веќе постојните три кои ги има на Крим, објави АП. Дека Русија драстично го зголемила своето воено присуство на границата со Украина претходно извести и претседателот на Украина, Петро Порошенко, додавајќи дека неговата земја е загрозена од војна со Москва. Повикувајќи се на разузнавачки информации, тој  изјави дека е зголемен и бројот на руските воени бродови во Азовското Море и дека руската војска го зголемила своето присуство на Крим.
„Бројот на тенкови во базите по должина на границата е тројно зголемен. Бројот на воени единици распоредени по должината на границата драстично се зголеми”, изјави Порошенко, но не прецизираше во кој период се случило тоа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.