Русија се закани со голем напад врз Украина: „Цивили и странски дипломати, напуштете го Киев“

Рускиот претседател Владимир Путин денеска прогласи дводневен прекин на огнот со Украина на 8 и 9 мај, по повод годишнината од поразот на нацистичка Германија во Втората светска војна, соопшти руското Министерство за одбрана.

Во соопштението се наведува дека Русија очекува украинската страна да го почитува истиот чекор, но истовремено се предупредува дека Москва ќе изврши масовен ракетен напад врз Киев доколку дојде до обид за нарушување на одбележувањето на Денот на победата.

Министерството посочи дека Русија претходно се воздржувала од такви акции од, како што наведува, хуманитарни причини и додаде предупредување до цивилното население во Киев и странските дипломатски мисии да го напуштат градот навреме.

Во исто време, руските власти соопштија дека украински дрон погодил станбена зграда во Москва, при што, според локалните информации, станува збор за луксузен објект во близина на центарот на градот. Москва тврди дека повеќето украински дронови се пресретнуваат и дека ваквите напади ретко предизвикуваат штета врз цивилна инфраструктура во главниот град.

Инцидентите се случуваат во пресрет на воената парада во Москва, која годинава ќе се одржи во услови на зголемени безбедносни мерки и страв од нови напади со беспилотни летала.

Пронајдете не на следниве мрежи: