Русија тврди дека го уништила украинскиот вселенски разузнавачки комплекс

– Министерството за одбрана на Русија вчера објави дека уништила украинскиот вселенски разузнавачки комплекс и систем за противвоздушна одбрана С-300.

„Ноќта на 8 март, во близина на Одеса уништен е вселенскиот и ради-разузнавачкиот комплекс Овидиопол-2.

Во 2020 година експертите на НАТО добија пристап до објектот“, се вели во соопштението на руското министерство.

Во меѓувреме, системот за противвоздушна одбрана С-300 е погоден во регионот Доњецк со користење на повеќе воени средства, се наведува во соопштението.

„Авијација, беспилотни летала, ракети и артилериски единици на Вооружените сили на Руската Федерација уништија противвоздушна ракетен систем С-300 во регионот на Покровск“, соопшти руското министерство за одбрана.

Во соопштението се додава дека Сезар Ожар, „француски неонацист“, е убиен во борбите во близина на градот Авдивка.Русија ја започна својата „специјална воена операција“ во Украина во февруари 2022 година.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.