сабота, 28 ноември 2026
Најново

Русија ќе ги удвои приходите од нафта

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Русија во април ќе ги удвои приходите од најважниот данок на нафта на девет милијарди долари поради глобалната енергетска криза предизвикана од војната на Блискиот Исток и затворањето на клучниот Ормуски теснец, покажува денес објавена анализа на Ројтерс.

Оваа прогноза претставува една од првите конкретни проценки за финансиската корист за Русија, вториот најголем светски извозник на нафта, од почетокот на конфликтот во Иран кон крајот на февруари, кој ја предизвика најтешката енергетска криза во поновата историја.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Просечната цена на руската сурова нафта „Урал“ порасна на околу 77 долари по барел во март, значително над буџетските проекции на властите во Москва, што директно ги зголемува и даночните приходи.

Буџетското правило на Русија поставува праг на цена на нафтата кој моментално изнесува 59 долари по барел, пренесува Блумберг. Доколку цената падне под 59 долари, Русија користи средства од фондот за да го надомести буџетскиот дефицит, а ако е повисока, се полни Националниот фонд за благосостојба и државата не мора да троши од него.

Пред војната на Блискиот Исток, руската нафта се продаваше по значително пониски цени поради западните санкции и попустите што Кремљ мораше да ги нуди.

Владата разгледуваше намалување на прагот на цената во буџетското правило поради загриженост за исцрпување на Националниот фонд за благосостојба, кој веќе е повеќе од половина искористен за финансирање на војната во Украина.

Растот на цените на енергенсите и нарушувањата во транспортот низ Ормускиот теснец поради конфликтот на Блискиот Исток предизвикаа нагол скок на цените на нафтата, што ја одложи одлуката за промена на прагот и дополнително ја зголеми неизвесноста.

Експертите предупредуваат дека одлуката за буџетското правило не треба долго да се одложува и дека би било подобро да се игнорираат привремените шокови на цените предизвикани од војната во Иран, бидејќи пазарот може брзо да се стабилизира.

Досегашните искуства покажуваат дека цените на нафтата можат брзо да паднат под нивото пред шокот, што значи дека привремениот раст не гарантира долгорочна стабилност. објави Скопје1.мк

Поврзани вести