Русија ќе продолжи да испорачува оружје за власта на сирискиот претседател Башар ал-Асад и неговите воени сили, изјави во средата челникот на руската државна компанија за извезување оружје, и покрај граѓанската војна во Сирија.Русија којашто е долгогодишна сојузничка на Сирија уште од таткото на сегашниот претседател, Хавес ал-Асад во 2011 година на Сирија и’ испорачала оружје во вредност од речиси милијарда американски долари.„Продолжуваме да ги извршуваме нашите обврски според договорите за испорака на воена опрема„, изјави на прес-конференција директорот на „Рособоронекспорт“, Анатолиј Исаикин.Два брода во јануари оружје донесе во сириско пристаниште Тартус, каде што Русија има постројка за одржување и поправка на бродови, и воена база.Исаикин рекол дека во руските испораки биле противавионски одбранбени систем, но не и оружје за напад како што се хеликоптери и авиони. Извозот не е во спротивност со меѓународните закони или резолуции на Советот за безбедност на Обединетите нации, рекол Исаикин.
МакфаксРусија ќе продолжи да испорачува оружје за власта на сирискиот претседател Башар ал-Асад и неговите воени сили,