Елитната украинска 95-та воздушна бригада, наводно, ја отсекла и ја опколила руската формација, според Јуриј Подољак, популарен руски воен блогер.
– Последните промени долж линијата на фронтот во регионот Курск не ни одат во прилог – напиша синоќа Подољак.
Тој рече дека делови од украинската 95-та воздушно-десантна бригада „се обидуваат да ја преземат контролата врз Маља Локња“, место на околу 13 километри северно од градот Суја, кој Украинците го зазедоа во првите денови од инвазијата на регионот Курск во Русија.
🇺🇦🇷🇺🚨Ukrainian troops in a "Marder" BMP use their rapid-fire cannon to dismantle Russian positions during the assault on Mala Loknya in the Kursk region Russia.#Ukraine #UkraineWar #UkraineRussiaWar #Kursk #Iran #Israel #Gaza #News https://t.co/fLIluVPsbT pic.twitter.com/xamSasPjSE
— Policonflicts (@policonfli) August 20, 2024
Подољак објасни дека при нападот на Мала Локња, украинската бригада ги заобиколила руските позиции меѓу ова село и Руска Поречња, го пресекла патот меѓу нив и ги опколила единиците на 18-та дивизија.
Според Форбс, постојат докази за тврдењето дека 95-та воздушна јуришна бригада се наоѓа во Мала Локња.
Во понеделникот, украински дрон следеше едно од борбените возила на бригадата – Мардер од германско производство – и го сними како пука кон руските позиции во тоа село.
- Непријателот претрпе значителни загуби во персонал, опрема и други материјални ресурси – соопштија украинските воздушни сили за напад.