Руската вакцина против коронавирус ќе биде достапна дури кон крајот на 2020 година

Руската вакцина против новиот коронавирус SARS-COV2 кој ја предизвикува заразната болест COVID-19, според прогнозите на стручњаците, би можела да се појави во последното тримесечје на оваа година. Ова го соопшти службата за односи на јавноста на „Роспотребнадзор“, федералната служба за заштита на правата на потрошувачите.

Како што се наведува, првите примероци на вакцината во овој момент ги минуваат лабораториските истражувања за имуногеност на животните (пониски примати, ласици, стаорци и глувци) во Центарот за вирусологија и биотехнологија „Вектор“ во Новосибирск.

Прототипите на вакцината се засновани, како што наведува „Роспотребнадзор“, на шест различни технолошки платформи, меѓу другото, и на „ветувачки технологии на синтетички вакцини“.  

Извор: Руска реч

Прочитајте и ова на иста тема:

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.