Руската инвазија врз Украина ја загрозува глобалната безбедност


Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска во Пекинг му кажа на кинескиот лидер Си Џинпинг дека руската инвазија врз Украина ја загрозува глобалната безбедност.

Шолц, исто така, на кинескиот претседател му кажал дека во оваа војна не треба да се закануваат со  нуклеарно оружје, пренесоа германските медиуми.

Рускиот претседател Владимир Путин минатиот месец предупреди дека Русија е подготвена да употреби нуклеарно оружје доколку се загрозени нејзиниот суверенитет или независност.

Шолц, исто така, на Си му кажал дека „виталните интереси“ на Германија се засегнати од војната против Украина и дека Москва го прекршува принципот на Повелбата на Обединетите нации и принципот на неповредливост на националните граници.

Иако тврди дека не испраќа воена помош за Москва, Кина не ја критикуваше руската инвазија врз Украина и одржува тесни економски врски со Русија.

Кинеската агенција Ксинхуа денеска објави дека Си на средбата со Шолц изјавил дека Кина ги охрабрува и поддржува сите напори што водат кон мирно решавање на кризата и го поддржува навременото свикување меѓународна мировна конференција, со еднакво учество на сите страни и дискусија за сите мировни опции.

„Кина е подготвена да ја одржи соработката со сите релевантни страни, вклучително и Германија, во овој поглед“, рече Си.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: