Митрополитот на Руската православна црква Иларион го предупреди во вторник новозибраниот папа Франсиск да не ја поддржува Гркокатоличката црква во Украина.
„Ако папата ги поддржува унијатите, тоа нема да биде добро”, изјави Иларион во разговорот што во вторник го објави московската патријаршија.
Откако своевремено последниот советски лидер Михаил Горбачов повторно дозволи делување на Гркокатоличката црква, Руската православна црква ги обвини гркокатолиците дека во западна Украина насилно присвоиле стотини цркви. Гркокатолиците решително ги одбиваат овие обвинувања и потестуваат дека имс е вратени само оние згради што им се одземени во 1946 година, кога Сталин насилно ги спои со Руската православна црква.
Иларион предупреди на тежината на односите меѓу двете верски заедници.
„Повторното раѓање на таа црква во западна Украина е тежок момент во односите меѓу православните и Католичката црква”, рече Иларион минатата недела пред новинарите во Москва. Тој тврди дека тогаш православците се протерани од своите катедрали.
Makфакс
Митрополитот на Руската православна црква Иларион го предупреди во вторник новозибраниот папа