Руска банка му кажа ,,НЕ” на Западот! Нема повеќе долари и евра!

Руската ,,Росбанк” го прекина работењето во американски долари, евра и дирхами откако САД воведоа санкции кон банката и нејзиниот сопственик Владимир Потанин.

Во четвртокот, САД го санкционираа Потанин (61), неговата холдинг компанија ,,Интеррос”, ,,Росбанк” и членовите на неговото семејство.

Рударскиот гигант ,Норникел”, во кој Потанин е најголем акционер, не беше споменат во соопштението од Вашингтон, пренесува Ројтерс.

Холдинг ,,Интеррос” поседува 36 отсто сопственички удел во ,,Норникел”, најголемиот светски производител на паладиум и рафиниран никел. Во делот за прашања и одговори на својата веб-страница, ,,Росбанк” потврди одредени ограничувања во услугите на клиентите.

„Во сегашното опкружување, ги суспендиравме операциите во американски долари, евра и дирхами или оние кои вклучуваат јурисдикции на САД и ЕУ, бидејќи во моментов не можеме да понудиме трансфери што ни дозволуваат да гарантираме дека странските кореспондентни банки нема да ги блокираат средствата на клиентите – соопшти ,,Росбанк”.

Банката рече дека клиентите сè уште имаат целосен пристап до нивните финансии, но дека нејзината способност да гарантира извршување на плаќањата преку дописничките сметки во Обединетото Кралатво е ограничена, предупредувајќи дека активноста на клиентите таму може да стане недостапна.

Пронајдете не на следниве мрежи: