Руска експедиција на Арктикот пронајде кафе старо еден век

Боцата со кафе е одлично сочувана и е од 1902 година кога била оставена од страна на американско-норвешка истражувачка експедиција.

Пред 117 години истражувачот Евелин Болдвид бил на поларна мисија на Арктикот предводејќи комбиниран тим од Норвежани и Американци со вкупно 51 човек. Тие го истражувале архипелагот наречен Земјата на Франц Јосиф кој територијално ѝ припаѓа на Русија. Мисијата била прекината по година дена откако била прогласена како неуспешна.

Деновиве руските истражувачи ги пронајдоа базите направени од тимот на Болдвин, меѓу кои и Леонид Круглов кој на Instagram објави фотки од една од базите нагласувајќи дека оставените предметиво нив се одлично сочувани.

„Остатоци од американската поларна експедија на Евелин Болдвин од 1902. Морето постепено го уништува брегот и наскоро овие уникатни градби ќе изчезнат. Најдовме многу интересни работи тука, како на пример одлично сочувана боца со зрна кафе и многу други работи за кои ќе пошам во мојот следен пост“, напиша Круглов.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.