среда, 18 ноември 2026
Најново

Рускиот амбасадор во Бугарија: Можно е да се прекинат дипломатските односи поради протерување на руски дипломати

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Руската амбасадорка во Бугарија, Елеонора Митрофанова денеска изјави дека е можно прекинување на дипломатските односи меѓу двете земји поради масовното протерување на руските дипломати.

Руското МНР најави дека Москва ќе преземе соодветни мерки, а Митрофанова во интервју за бугарската телевизија прецизира дека е во контакт со Министерството и дека одговорот ќе биде одлучувачки.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„Дипломатските односи би можеле дури и да бидат прекинати“, рече Митрофанова, пренесува Спутник.

Бугарската телевизија објави дека рускиот амбасадор се обратил до Министерството за надворешни работи во Софија со вербална нота да се откаже од протерувањето на дипломатите.

Бугарскиот премиер Кирил Петков во вторникот најави дека 70 руски дипломати ќе бидат протерани, наведувајќи дека е решено дека работеле за специјални служби.

Поврзани вести