Рускиот генерал Кирилов постхумно одликуван како „Херој на Русија“

Началникот на руските сили за радијациона, хемиска и биолошка заштита, генерал-полковник Игор Кирилов, постхумно ја доби титулата Херој на Русија, објави ТВ „Ѕвезда“.
Рускиот министер за одбрана Андреј Белоусов и ја врачи „Златната ѕвезда“ на Херојот на Русија на вдовицата на загинатиот генерал.

„Со указ на претседателот Владимир Путин, генералот постхумно е одликуван со највисокото државно признание за херојство, храброст и посветеност покажана при извршување на воената должност“, објави телевизијата.
Министерот го додели Орденот за храброст и на вдовицата на потполковникот Илја Поликарпов, кој загина заедно со Кирилов.

„Игор Кирилов помина пат достоен за офицер, од командант на вод до шеф на силите за радијациона, хемиска и биолошка заштита. „Државата заслуга ја оцени неговата работа, доделувајќи му ја највисоката титула Херој на трудот“, рече Белоусов.
Министерот истакна дека Кирилов бил голем научник кој се занимавал и со изработка на вакцина против корона вирусот.
Кирилов беше погребан вчера на територијата на Сојузните воени гробишта „Пантеон на бранителите на татковината“ на Министерството за одбрана на Русија.

Како што соопшти Истражниот комитет на Русија, утрото на 17 декември, експлозивна направа била активирана на скутер што стоел до влезот во зградата на авенијата Рјазанскаја во Москва. Загинаа шефот на силите за радијациона, хемиска и биолошка заштита на руските вооружени сили, генерал-полковник Игор Кирилов и неговиот помошник.
Следниот ден е приведен извршителот на терористичкиот напад – државјанин на Узбекистан роден 1995 година. Тој објасни дека бил регрутиран од украинските специјалци, а за криминалот му биле ветени 100 илјади долари и патување во Европа.

Пронајдете не на следниве мрежи: