Рускиот град Белгород ноќеска повторно цел на напад, на нишан и Севастопол на Крим

Силни експлозии одекнале синоќа во делови од југозападна Русија и на анектираниот од Москва полуостров Крим, јавува Би-би-си.

Руските власти соопштиле дека пограничниот град Белгород, каде што во саботата во напад од страна на Украина загинаа 25 лица, бил повторно цел на напад, како и градот Севастопол на Крим, каде што била соборена украинска ракета.

Постојана инспирација за дами со облини: Најдобрите комбинации на Ешли Греам!
Повеќето жени паѓаат во депресија кога ќе накачат некој килограм вишок, штом ќе забележат целулит на телото се тагуваат, стриите им се најголемата нервоза…Сепак, Ешли Греам ги …
Рускиот јазик ќе се изучува во основните и средните училишта во Куманово, средба Димитриевски со рускиот амбасадор
Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски, соопшти дека остварил средба со амбасадорот на Русија во Северна Македонија, Сегреј Александровиќ Баздникин.„На средбата се разговараше за повеќе актуелни теми …

Во последните денови, како што наведува британскиот национален сервис, воздушните напади меѓу Русија и Украина добија на интензитет.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија истрелала околу 300 проектили и 200 беспилотни летата врз Украина во изминатите пет дена.

Русија ги започна своите најголеми бомбардирања од воздух во рамките на инвазијата на Украина кон крајот на минатата недела, а во кои загинаа повеќе од 40 луѓе. На руската офанзива, украинските сили одговорија со напад на пограничниот руски град Белгород, во кој покрај 25 убиени, беа повредени и повеќе од 100 луѓе.

Ноќеска повеќе експлозии биле пријавени во Белгород, а гувернерот на регионот изјавил дека биле уништени неколку беспилотни летала.

Над пристаништето во Севастопол, најголемиот град на анектираниот од Русија полуостров Крим, бил соборен проектил, изјавил на Телеграм гувернерот на областа инсталиран од Москва, Михаил Развозаев.

Засега нема информации за жртви или предизвикана материјална штета во последните напади.

Инаку, нападите доаѓаат откако вчера руски проектили ги погодија најголемите градови во Украина, вклучувајќи ги Харков и Киев, во кои, според локалните власти, загинале најмалку пет лица, а десетици се повредени.

Нападите уследија и откако рускиот претседател Владимир Путин вети дека ги засили нападите врз Украина како одговор на неодамнешните напади на Украина на руска територија, односно на градот Белгород.

Во своето ноќно обраќање вчера украинскиот претседател Зеленски рече дека Русија во текот на истиот ден истрелала речиси над сто проектили од различни типови.

Според него, нападите биле „конкретно насочени од непријателот да предизвикаат што е можно поголема штета“.

Украинската амбасадорка во САД, Оксана Маркарова, подоцна во изјава за Би-би-си изјавила дека неодамнешното руско бомбардирање не било изненадување посочувајќи дека на Украина ѝ е потребно повеќе оружје за да одговори и да ѝ испрати јасна порака до Русија да престане со агресијата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.