Руските сили го зазедоа Вухледар во источна Украина

Руските сили имаат целосна контрола над градот Вухледар (Улгедар, според рускиот назив) на рабните области во регионот Доњецк во источна Украина, објавија во средата каналот SHOT на комуникациската платформа Telegam и проруските воени блогери, пренесува во средата Reuters наведувајќи дека не може независно да ги потврди извештаите.

Руското Министерство за одбрана сѐ уште не го потврди заземањето на градот, што споменатите извори го објавија уште во вторникот.

Регионален украински функционер во вторникот изјави дека руските сили стигнале до центарот на градот, стратешко упориште кое се спротивставува на руските напади.

Градот е исто така уништен од постојани напади. Снимките од руските сили како го веат своето знаме на покривот на административната зграда во центарот на градот во вторникот покажаа дека зградата е делумно претворена во урнатини со скршени прозорци.

Руските сили последниот месец беа насочени кон освојуање на Вухледар, рударски град со население од околу 14.000 пред војната но силно утврден со подземни коридори уште од советската ера, како клучен чекор кон вклучување на целиот регион Доњецк во Русија.

Градот се наоѓа на границата меѓу источното и јужното боиште, поради што е дополнително важен за снабдување на двете страни и отворање пат за напредување и во западен и во јужен правец, а по него кон централните украински области се простира степа.

Вухледар е, исто така, блиску до железничката линија што го поврзува Крим, полуостровот на Црното Море каде руското и рускојазичното мнозинство со референдум уште во март 2014 година веднаш по прозападниот преврат во Киев реши да се врати во составот на Русија од чија територија е издвоен со декрет во 1950-те години од советското раководство, а по осамостојувањето на Украина во 1990-те му беше укината и автономијата, со украинскиот индустриски регион Донбас, кој се состои од Доњецк и источната Луганска област, кои речиси целосно се контролирани од проруските и руските сили.

Пронајдете не на следниве мрежи: