Руските трупи ја зајакнаа одбраната околу градот Токмак во јужна Украина, кој е на околу 16 километри од сегашната линија на фронтот.
Ова го соопшти британското Министерство за одбрана.
Според британското министерство, Русија во изминатите неколку дена гради дополнителни контролни пунктови, односно распоредува противтенковска одбрана и копа нови ровови во областа што ја држи 58-та комбинирана армија на Руската Федерација.
- Токмок е подготвен да стане главното упориште на втората главна одбранбена линија на Русија. Подобрувањата на одбраната на градот веројатно укажуваат на зголемената загриженост на Русија за тактичкото пробивање на Украина во првата главна одбранбена линија на север, се вели во извештајот.
За да стигнат до Токмак во Пологовиот округ во областа Запорожје, украинските сили треба да пробијат уште две руски одбранбени линии.
Засега, според Њујорк Тајмс, пресечена е само една линија:
- Сателитските снимки покажуваат дека за да стигнат до Токмак, украинските сили ќе треба да пробијат уште две руски одбранбени линии кои се состојат од ровови, густи мински полиња, земјени пречки, противтенковски бариери…