Руските системи за противвоздушна одбрана соборија беспилотно летало над водите кај Севастопол, објави денеска гувернерот Михаил Развозаев на својот канал Телеграм.
– ,,Пред околу 15 минути противвоздушна одбрана собори беспилотно летало над водите на северниот приод кон пристаништето. Ниту светата прослава на Божиќ не може да ги спречи овие нечовечки суштества да го нападнат херојскиот град” – напиша Развозаев утрово во 03:26 часот.
Севастопол, седиштето на руската Црноморска флота, беше постојано напаѓан од украински беспилотни летала во последните месеци.
Претходниот обид за напад беше пријавен на 4 јануари, кога два дрона беа соборени над водите во близина на Севастопол.