Руски авион со ракети погоди американски дрон, ситуацијата излегува од контрола!

Руски борбен авион прелета неколку метри покрај американско беспилотно летало над Сирија и истрела проектили кон него, соопштија денеска американските власти.

Се додава дека леталото било погодено и оштетено.

Инцидентот се случил на 23 јули. Американските власти веруваат дека инцидентот, кој се случи во неделата, претставува значителна ескалација во однос на серијата блиски средби меѓу американските и руските авиони над Сирија во претходните недели, пренесува АП.

Заменик-шефот на рускиот центар за помирување на конфликтните страни во Сирија, Олег Гуринов, претходно изјави дека американските беспилотни летала MQ-9 кои припаѓаат на коалицијата предводена од САД „опасно се приближиле“ до руските авиони во Сирија.

– Посебно сме загрижени што речиси дојде до судир во воздухот меѓу MQ-9 и руските авиони во близина на Ал Баб – рече Гуринов, пренесе ТАСС.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.