„Оваа болест влезе во фаза на болест на патници. Прво беше Вухан, болеста е таму локализирана, а во овој момент, ситуацијата е во суштина поинаква, човекот стана биолошки резервоар на инфекцијата. Затоа е најдобро да не се патува во земјите во кои епидемијата е наголемо проширена“, изјави Чучалин.
„Вирусот се внесува во организмот преку слузокожата на носот… Затоа им препорачуваме на сите да водат сметка за носот и задолжително да го испираат. Второто место на кое вирусот активно се размножува е усниот дел на ждрелото, зад јазикот, место на кое вирусот сака да се шири, размножува, затоа секојдневно треба да се одржува хигиена. Неизбежно е да посветите внимание на хигиената на слузокожата на горните дишни патишта“, истакна академикот.
Како што наведе тој, сигурни рецепти за тоа што треба да се прави за да се избегне заразата нема, но бидејќи тука добар дел е во прашање имунитетот на слузницата, смислено е да се работи на негово зголемување.
„Не постои чудотворен лек, но некои препораки, сепак, би сакал да дадам“, истакна професорот.
„Витамините од групата А и Е треба да се земаат, затоа што доведуваат до јакнење на слузокожата. Тие дефинитивно влијаат на имунитетот на слузокожата“, рече Чучалин.
Покрај тоа, се препорачува да се носат маски на јавни места, во транспортот, како и при одењето на лекар.
„Вирусот е со големи димензии, па затоа маската го задржува. Кога му се приближуваме на пациент, ставаме маска и очила, затоа што, како што се покажа во Кина, вирусот може да влезе во организмот преку слузокожата на очите“, укажува рускиот професор.
Како што наведе тој, не е доволно само внимателно да се мијат рацете, туку и да се мијат просториите. Би било најдобро привремено да се откажеме од ракување и бакнување, додава Чучалин.
Како што наведе тој, симптомите на зараза од коронавирусот се покачена температура, кивавица, сува кашлица, како и чувство на недостиг на воздух.
Притоа некои инфицирани лица, иако не покажуваат симптоми, можат да добијат запаление на белите дробови. „Некои луѓе ги немаат симптомите карактеристични за коронавирусот, но можат да добијат запаление на белите дробови, па и тие мора да се следат“, додаде рускиот академик.
Извор: РУСКА РЕЧ
Ние спроведуваме истражување на нашата фан страна за тоа како Филипче се справува со оваа криза. Доколку сакате да се произнесете тоа можете да го сторите тука!
МЕРКИ (14.3.2020)
Прочитајте на оваа тема и следново:
Директорката заболена од коронавирус уште пред една недела била пријавена од колеги на кои им се заканила со откази!
ПОВЕЌЕ ЗА ВИРУСИТЕ на пулс24 ПРОЧИТАЈТЕ ТУКА!!!
Се за КОРОНА ВИРУСОТ на пулс24 ПРОЧИТАЈТЕ ТУКА
За ВАКЦИНИТЕ на пулс24 ПОВЕЌЕ ТЕКСТОВИ ТУКА!!!