Руски нутриционист открива: И свежо цеден сок може да биде штетен

Руската нутриционистка Ана Белоусова во интервју за руската телевизија “Ѕвезда” рекла дека свежо цедениот сок може да биде штетен по здравјето, ако се консумира во големи количини или на празен стомак.
“Не треба да пиете цела чаша свежо цеден сок, бидејќи потоа сакате уште да го пиете, па така може да испиете цел литар. Така во организмот внесувате повеќе јаглехидрати од тоа што е потребно. Јасно е дека ова не може, а да не влијае на состојбата на панкреасот, кој сето тоа мора да го преработи”, објаснила докторката.


Важен и е податокот дека свежо цедените сокови се попопуларни во јужните делови на планетата. Според нејзините зборови, Турците, на пример, пијат сокови во текот на денот и “живеат нормално”, без никаков ризик од заболување на панкреасот или дијабетес.
Русите не се навикнати на тој пијалак, па може да им наштети на здравјето, смета Белусова.
“За организмот да не претрпи таков удар, свежо цедени сокови може да се користат, но не смее да се пијат во големи количини. Една чаша дневно е сосема доволна. Ако сакате две, нив може да ги испиете по оброкот, никако на празен стомак. По јадењето, панкреасот, црниот дроб и стомакот се вклучени во активно варење на храната и ништо лошо нема да се случи”, рекла докторката.
Претходно нутриционистот, Алексеј Коваљков изјавил дека свежо цеден сок на организмот му носи повеќе штета отколку корист.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.