Руски патријарх одбил да слета во Белград: Наместо тоа, слетал во Охрид, клекнал и рекол “Дојдов во вториот словенски Ерусалим”

Кога своевремено Српската православна црква го поканила рускиот патријарх Алексеј Први, тој одбил да слета во Белград, па слетал во Охрид.
На 25 мај 1962 година прво што сторил по слетувањето на аеродромот во Охрид, рускиот патријарх Алексеј Први клекнал, ја бакнал земјата и рекол “Дојдов во вториот словенски Ерусалим!“
Потоа, на света архиерејска литургија во македонската црква “Света Богородица Каменско“ во Охрид, заедно чиноначалствувале тројцата поглавари: рускиот патријарх Алексеј Први, српскиот патријарх Герман и македонскиот Архиепископ Доситеј.
Инаку во православната јавност во Русија, Охрид се доживува во вистинското светло. Како свето место, од каде што потекнува нивниот јазик, религија и култура.
Во минатото во Охрид имало 365 цркви, и затоа се нарекува „Европскиот Ерусалим“. На територија на општина Охрид постојат повеќе од 100 православни цркви од кои 60 активни, 10 исламски верски објекти – џамии и една католичка црква. Во Охрид се наоѓа седиштето на Дебарско – кичевската епархија на МПЦ.
Охрид е познат и како “град на светлината“, што претставува буквален превод на неговото старо име, Лихнид. Охридскиот регион е вклучен во светското наследство на УНЕСКО.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.