РУСКИ ПСИХОЛОГ ОТКРИВА ДАЛИ ТРЕБА ДА ИМАМЕ ОДНОСИ НА ПРВИОТ СОСТАНОК!

Познатиот руски психолог Михаил Лабковски, кој зад себе има 40-годишно искуство, често зборува за акутни машко-женски теми и одговара на прашања кои ги мачат повеќето луѓе во секојдневниот живот. Колку е популарен и прифатен покажува и податокот дека на социјалните мрежи го следат повеќе од четири милиони луѓе.

За тоа зошто жените остануваат сингл по 40 години или која жена го освојува машкото срце, се само дел од дилемите што тој ги реши за својата публика. Овој пат се осврна на прашањето: Дали треба да има интимна врска на првиот состанок или не?

РУСКИ ПСИХОЛОГ ОТКРИВА ДАЛИ ТРЕБА ДА ИМАМЕ ОДНОСИ НА ПРВИОТ СОСТАНОК!

“Често ме прашувате по кој состанок треба да стапите во интимни односи. Време е за одговор. Мои пријатели, одговорот ќе биде неочекуван: Кога сакате! Има жени и мажи на кои им треба време да се навикнат на партнерот, да СЕ НАВИКНАТ ЕДЕН НА ДРУГ. И дури тогаш сакаат да одат во кревет“, започна Мијаил и продолжи:

“И има луѓе кои сакаат сè одеднаш. И тоа е исто така нормално! Дали моментот кога ќе одлучите да бидете интимни ќе влијае на вашата идна врска? Погледнете го вака. Има мажи кои веруваат дека дамата треба да се “чува”. Но ти си жив човек и имаш свои потреби. И имам едно прашање до тебе – зошто ти е првенствено потребен таков придружник? Друг пример. Ако жената верува дека нејзиното тело е ‘стока’ што може да се купи со одредена количина на цвеќе, вечери и подароци, прашувам дали треба да изградите врска со таква жена?

Сега, дали ќе расипете нешто ако скокнете во врска со некого? Ако сте ја нашле вистинската личност за вас, тогаш нема да расипете ништо. А ако таа личност не е ваша, тогаш ќе знаете пред да помине премногу време“, заклучи тој.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.