Ниту кажал нешто, ниту нешто понудил Боки Тредичи на Вилма во својот исказ. Обвинителката, Вилма Русковска која ги води двата случаи „Рекет“ и „Меѓународен сојуз“, во кои првообвинет е Бојан Јовановски ги негира информациите што беа објавени дека во исказ пред Обвинителството Боки кажал информации кои водат до врвот на власта.
Обвинителката изјави дека ништо од тоа што беше денеска објавено по медиумите дека парите од Боки биле давани на лица блиски на власта, не е точно.
Обвинителката негира и дека Боки барал да стане заштитен сведок. Боки вчера тврдеше дека е политички затвореник и дека сака да се дознае вистината…