Премиерот Зоран Заев прв ме извести дека бизнисмени му се пожалиле оти се уценувани, вели шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска.
-Премиерот усно нè извести мене и јавниот обвинител на Република Северна Македонија, притоа изразувајќи подготвеност да дојде и да поднесе кривична пријава на записник. Но ние му советувавме сведокот да дојде во Обвинителство и да пријави, посочува Русковска во изјава за “Независен весник.
Премиерот Заев вчера на прес-конференција информира дека кај него се обратиле бизнисмени кои не се од Скопје, а кои му се пожалиле дека биле уценувани.
Како одговор на новинарско прашање, Заев појасни дека за тоа, како и секој друг граѓанин, за тие уцени, тој како премиер пријавил.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.