Ова вечерва во свое гостување на ТВ го изјави обвинителката Русковска. Таа е сигурна дека законот за АМНЕСТИЈА ќе ги спаси од затвор пратениците Љубен Арнаудов, Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Јохан Тарчуловски и Љупчо Димовски…
Ако е навистина така ќе произлезе дека пратениците си преговарале сами само за себе. И дека прават голема злоупотреба на своите позиции. Но, да почекаме да видиме што ќе се случи деновиве и кој се ќе добие, а кој нема да добие амнестија за настаните на 27 април.