Советот на јавни обвинители ќе ја повика обвинителката Вилма Рускоска да даде отчет за своето однесување. Ова за Телма го потврди претседателот на советот Ацо Колевски кој не сакаше да го каже ставот за кавгата на Рускоска со апелационите судии. Вели дека добиле допис од апелација, но дека треба да се слушне и другата страна.
Инаку, обвинителката Вилма Рускоска со СМС порака им се заканила на судиите од апелација со финансиска истрага, откако тие одлучија затворскиот притвор на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, да биде заменет со домашен.
Апелација ова го смета за преседан, а осуда за однесувањето на Рускоска стигна и од Судскиот совет.