Рускоска незадоволна од пресудата за „Рекет“, најави жалба

Апсолутно не сум задоволна со пресудата за Бојан Јовановски, за кого реално не очекував под десет години казна затвор. Што се однесува до веќе осудената Катица Јанева очекував меѓу седум и осум години затвор, изјави денеска јавната обвинителка Вилма Русковска по објавувањето на пресудите за случајот „Рекет“.
Русковска најави жалба и за двете пресуди, но откако ќе ја добие на писмено пресудата.
Прашана дали е задоволна од тоа како заврши предметот, со оглед дека не се најде одговор каде завршиле парите, Русковска, рече дека за осудителната пресуда веќе рекла дека не е задоволна со висината, особено за Бојан Јовановски.


– Јас сметам дека најголемиот дел завршиле кај Бојан Јовановски и Катица Јанева. Тоа е моето лично убедување, со оглед на тоа се што си купувал без никаков приход, а и самите знаете колку чини финансирањето на медиумска куќа, изјави Јовановски.
Во однос на истрагата за „Империја“, Русковска рече дека на истрагата интензивно се работело, но сега поради корона вирусот се уште не работат со странки.
– Стварно не знам уште колку ќе треба до завршување на истрагата. Предметот „Империја“ ако не го сметаме овој период со корона вирусот е релативно кратко време преземен од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Зошто толку време требало додека се уште беше во СЈО мене стварно не ми е познато, изјави Русковска.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.