Рускоска: Тони го спаси Зијадин Села, а не Алими (ВИДЕО)

Синоќа во студиото на ТВ“21“ обвинителката Вилма Рускоска зборуваше за пресудите за настаните од “крвавиот четврток“. Притоа Рускоска се осврна на казната на Абдулфета Алими и откри дека еден од демонстрантите го спасил Зијадин Села, а не Алими.
– Абдулфета да си ја изврши работата и задачата што му беше дадена тој ден немаше да треба никого да спасува. Зијадин Села го има спасено еден од демонстрантите, кажал дај помогнете го утепавте човекот, мртов е и го носи во ресторанот на пратеници. Дури тогаш доаѓа Алими и му помага на Тони, вели обвинителката Рускоска.
Таа додава дека од прозорот на кујната на бифето и по пожарните скали го качиле Села и така се спасил.
– И самиот Фета кога даваше изјава кај мене, пред подигнување обвинение кажа дека Тони бил и во Брзата помош и чекал додека траела операцијата, а кога Села го сместиле на Интензивна нега си заминал и рекол “од мене толку“. Значи не е точно дека Абдулфета го спасил и ќе повторам, да си ја вршел работата немаше да треба никого да спасува, завршува Рускоска.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.