Обвинителката Вилма Рускоска најави дека ќе покрене финансиска истрага за судиите кои донесоа одлука за куќен притвор на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева.
– Не знам кои се судиите. Чекам да го добијам решението, но ќе покренам финансиска истрага, изјави вечерва Рускоска за МИА.
Јанева попладнево ја напушти „Шутка” и замина во куќен притвор откако скопскиот Апелациски суд донесе одлука со која ја уважи жалбата на Јанева и и одреди мерка куќен притвор.
Јанева беше уапсена како осомничена за случајот „Рекет” на 21 август по што судот и одреди мерка притвор.
На 3 декември е закажано првото судско рочиште за случајот „Рекет”.