С Македонија е четвртата земја која по број на жители и помогна на Украина и тоа не само со воена опрема, туку и преку други начини на сиситенција. Ние сме многу благодарни и искрено многу други побогати земји не помогнаа на начин на кој помогна оваа земја. Сега е вистински момент да помислиме дека војната во Европа се уште трае, речиси две години подоцна. Една од можностите кои ги имам е да им заблагодарам на граѓаните и на институциите на оваа земја што ја поддржаа Украина и нивните напори преку НАТО и преку други начини против ужасната, бруталната и крватата инвазија на Русија и Путин, рече американската амбасадорка во земјава
Знаеме дека Русите се тука, во овој регион, практикувајќи злонамерно влијание, кое сме го виделе во целиот свет. Во моментов нивните дејства ги гледаме и во САД, а имаа и влијание во нашите претходни избори. Тие се многу активни овде и ја користат секоја можност да шират хаос. Ова вечерва во вестите на ТВ Канал 5 го изјави американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер, коментирајќи ја изјавата на заманик генералниот секретар на НАТО, кој посочи дека во пресрет на изборите во С Македонија се очекува зголемена активност на хибридни закани, а истовремено апелираше дека е важно македонските граѓани да се едуцираат на оваа тема и да ги препознаат.
„Да знаеме за хибридните закани е многу важно. Како што веќе кажавме хибридно не значи дека пешадија ви влегува преку граница, но дали е мешање во пресрет на изборите или е дезинформација. Знаеме дека Русите се тука, во овој регион, практикувајќи злонамерно влијание, кое сме го виделе во целиот свет. Во моментов нивните дејства ги гледаме и во САД, а имаа и влијание во нашите претходни избори. Тие се многу активни овде и ја користат секоја можност да шират хаос“,
вели Агелер.
Според неа, најважната работа е граѓаните на оваа земја да можат да ги препознаат хибридните закани, да се едуцираат за ова прашање, а тоа ќе можат да го постигнат, како што вели таа, ако им поставуваат тешки прашања на политичарите, на кандидатите, но и да знаат дека можат да се потпрат на новинарите. Сето тоа, како што рече американската амбасадорка во државата е со цел за да им се помогне на граѓаните, да можат да ја препознаат вистината и лажните информации, но и според неа, да ја донесат нивната одлука заснована на реланоста, што се случува и кои се кредибилните информации.
Американската амбасадорка посочи дека преку помошта која Северна Македонија ја испраќа во Украина ги потврдила своите вредности како лојална земја-членка на Алијансата.
„Таа е четвртата земја која по број на жители и помогна на Украина и тоа не само со воена опрема, туку и преку други начини на сиситенција. Ние сме многу благодарни и искрено многу други побогати земји не помогнаа на начин на кој помогна оваа земја. Сега е вистински момент да помислиме дека војната во Европа се уште трае, речиси две години подоцна. Една од можностите кои ги имам е да им заблагодарам на граѓаните и на институциите на оваа земја што ја поддржаа Украина и нивните напори преку НАТО и преку други начини против ужасната, бруталната и крватата инвазија на Русија и Путин,
изјави амбасадорката на САД во земјава.
На прашањето дали претстојните претседателски избори во САД можат да влијаат на динамиката на доделување на помош за Украина, Агелер посочи изминатите денови е актуелно тоа што Сенатот ја одобри помошта во вредност од 61 милијарда долари наменета на Украина, а дека сега на ред е Претставничкиот дом.
„Она што е важно е дека во САД, исто како и во С Македонија имаме избори оваа година и затоа секогаш ќе има определени политичари кои ова прашање ќе го искористат за добивање на политички поени, преку правењето на ова прашање да биде контроверзно. Јас силно верувам дека граѓаните на САД силно ја поддржуваат Украина, заштитата на нивниот суверенитет и обидите да се заврши војната, затоа сум прилично убедена дека ќе продолжиме со помошта, исто како што сум убедена дека граѓаните на оваа земја ќе го направат истото“,
рече таа.
Американската амбасадорка во земјава како важно прашање ја предочи и можноста дека доколку војната во Украина не заврши набрзо може да се прелее и во други држави, како и да ги загрози и земјите од Западен Балкан. Таа рече дека никој не е безбеден, но и дека смета оти Путин нема да се откаже, доколку не е победен. Сепак, потенцираше и дека С Македонија членка на НАТО, а според неа, факт е дека НАТО ги заштитува своите земји-ленк.
„Војните и конфликтите не остануваат во границите. Ова започна со инвазијата на претседателот Путин и руската армија во Украина. Влијанието од ова веќе го чувствуваме, односно економски последици, социјални последици веќе се чувствуваат во целиот свет. Македонија е европска држава, а во Европа има војна, а тоа има големо влијание низ целиот континент. Затоа е императив и покрај тоа што трупите не ја преминуваат границата утре, да се знае фактот дека НАТО ги заштитува своите земји-членки. Знаејќи го тоа и местото кое го има оваа земја во Западниот Балкан и Европа е многу важно. Никој не е безбеден и Путин нема да се откаже, доколку не е победен“,
вели Агелер.