Во текот на изминатата ноќ на територијата на Русија се уништени 92 украински беспилотни летала, соопшти Министерството за одбрана на Русија.
„Дежурните системи за противвоздушна одбрана уништија и пресретнаа 92 украински беспилотни летала“, се наведува во соопштението, пренесе Укринформ.
Руското Министерство за одбрана прецизираше дека 47 беспилотни летала се елиминирани над територијата на Краснодарската област, 12 над територијата на Курската област, девет над територијата на Ростовската област, четири над територијата на Брјанск, по два над териториите на Белгородската област и Крим, и еден на територијата на регионот Воронеж и 15 беспилотни летала над Азовското Море.