РФМ го избра Милошевски за генерален секретар

Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), на седницата одржана во петокот го избра Филип Милошевски за нов генерален секретар.

По оставката на Марјан Начевски, Милошевски беше именуван за вршител на должноста, а од петокот тој и официјално е избран во наредните четири години да ја обавува оваа функција. Покрај изборот на генерален секретар, ОУ на РФМ на седницата избра и нови членови на Регистрационата комисија и Комисијата за безбедност на натпревари. Селекторот на женската репрезентација Гино Стрезовски ги запозна членовите на Управниот одбор за активностите на репрезентацијата и подготовките за бараж мечевите со Шпанија.  Првиот човек на РФМ Живко Мукаетов се заложи што е можно побрзо да биде подобрена организацијата околу патувањата и натпреварите на женската репрезентација. Мукаетов исто така најави донесување на Правилници за функционирање на федерацијата и репрезентациите, изработка на код за етичко однесување на играчите и правилно менаџирање во машката и женската репрезентација. Претседателот на РФМ очекува за два до три месеци организацијата во Ракометната федерација на Македонија да биде поставена на едно ниво кое ќе биде многу повисоко од досегашното со елиминирање на сите досегашни слабости и со точно дефинирани задачи и обврски на одговорните лица.
Макфакс
Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), на седницата одржана во петокот

Пронајдете не на следниве мрежи: