САД ги запознаа кинеските власти со хакерските напади

Администрацијата на американскиот претседател Барак Обама ги запозна највисоките функционери во владата н Кина, вклучително и воените функционери, со загриженоста поради хакериските напади кои доаѓаат од Кина, соопшти во вторникот Белата куќа.Американската компанија за информатичка безбедност „Mandiant“ претходно во вторникот дека спроведувајќи повеќе од стотици истраги во последните три години дека организациите коишто на интернет хакерски ги нападнале интернет ресурсите на американската администрација, американските компании и американските медиуми „имаат седиште главно во Кина, како и дека кинеската влада во целост е запознаена со нивните активност.Компанијата „Mandiant”, којашто инаку е ангажирана за совети од областа на информатичката безбедност од страна на американската влада тврди дека зад нападите стои „Единицата 61398„ којашто е во составот на кинеската армија и нејзиното седиште е во Шангај.„Време е да се прифати дека тие закани доаѓаат од Кина и мораме да ги подготвиме стручњаците како успешно да се борат против таа закана”, соопштија од „Mandiant”.Од компанијата тврдат дека „Единицата 61398″ украла стотици терабајти податоци од најмалку 141 организација во светот од 2006 година досеа. Поголемиот број жртви на овие напади се од САД, а помал број се од Кина и од Велика Британија.„Можам да потврдам дека повеќапати со нашата загриженост ги запознавме највисоките кинески функционери, вклучувајќи ги и воените, и дека тоа и натаму ќе го правиме“, изјави портпаролот на Белата куќа, Џеј Карни, на вообичаениот брифинг со новинарите во вторникот дона навечер по средноевропско времеТој не сакал да ги коментира деталите од извештајот на „Madiant“ дека зад нападите стои „единицата 61398“ која е во составот на кинеската армија и има седиште во Шангај.Кинеското министерство за одбрана претходно ги отфрли ваквите слични обвинувања, како неосновани.
МакфаксАдминистрацијата на американскиот претседател Барак Обама ги запозна највисоките функционери во владата н Кина,

Пронајдете не на следниве мрежи: