САД ги стави Катица Јанева и Стевчо Јакимовски на црната листа






Стејт Департментот на САД денес објави дека поранешната специјална јлавна обвинителка, Катица Јанева, градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, како и и поранешниот градоначалник на Качаник, Косово, Џабир Жарку се ставени на црната листа.

„Во нејзиното службено својство на поранешен специјален јлавен обвинител во Северна Македонија, Јанева беше вмешана во коруптивни дејствија, вклучително и користење на нејзиното политичко влијание и службена моќ за лична корист. Постојат веродостојни информации кои Јанева ги побарала и примила поткуп за да влијае на обвинителството под нејзина надлежност. Во неговото службено својство како градоначалник на општина Карпош, Северна Македонија, Јакимовски беше вклучен во коруптивни дејствија, вклучително и користење на својата службена положба за мешање во урбаниот развој и процесите на набавки за сопствена и за корист на неговите соработници.“, стои во соопштението од Стејт Департментот.
Американската Амбасадорка во Македонија, Анџела Агелер за ова искажа став преку статус на фејсбук страницата на Амбасадата во кој се вели:
„Денешните ознаки на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева и актуелниот претседателски кандидат и градоначалник Стевчо Јакимовски никого не треба да изненадуваат. Соединетите Држави ќе продолжат да ги означуваат функционерите на која било партија, влада или заедница што е вклучена во значителна корупција. Народот на Северна Македонија заслужува правда и одговорност од институциите за да се запре бранот на криминално однесување и да се запре ракот на корупцијата“.

„МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Фејзи и Ѓурчиновска | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ

Извор








Пронајдете не на следниве мрежи: