САД ИТНО ПРЕДУПРЕДУВААТ ДО СВОИТЕ ГРАЃАНИ ВЕДНАШ ДА ЈА НАПУШТАТ РУСИЈА: Загриженост поради апсењето на новинарите

Американскиот Стејт департмент издаде итно предупредување до своите граѓани да не патуваат во Русија.

Во соопштението се наведува и дека им препорачуваат на сите американски државјани кои се во Русија што поскоро да ја напуштат таа земја.

САД ИТНО ПРЕДУПРЕДУВААТ ДО СВОИТЕ ГРАЃАНИ ВЕДНАШ ДА ЈА НАПУШТАТ РУСИЈА: Загриженост поради апсењето на новинарите

Државниот секретар Ентони Блинкен како причина ја наведе американската загриженост за безбедноста на граѓаните поради денешното апсење на американски новинар во Русија.

Да потсетиме новинарот на Вол Стрит Журнал, Еван Гершкович, е уапсен во Русија под сомнение за шпионажа, објави Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ).

ФСБ го уапси дописникот Гершковиќ во Екатеринбург под сомнение за шпионажа.

„Федералната служба за безбедност на Руската Федерација ги запре незаконските активности на дописникот на московското биро на Вол Стрит Журнал, Американецот Еван Гершкович, роден 1991 година, акредитиран во Министерството за надворешни работи на Русија, кој е осомничен за шпионирање за Владата на САД“, соопшти ГО.

„Утврдено е дека Еван Гершкович по инструкции на американската страна собирал информации кои се државна тајна за активностите на една од компаниите на воено-индустрискиот комплекс на Русија. Обидувајќи се да дојде до тајни информации, странецот е приведен во Екатеринбург, соопшти ФСБ.

Истражниот оддел на ФСБ на Руската Федерација покрена кривична постапка против американскиот државјанин според чл. 276 од Кривичниот законик на Руската Федерација („Шпионажа“)

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.