четврток, 26 ноември 2026
Најново

САД и Унгарија потпишаа договор за нуклеарно гориво од 114 милиони долари

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Соединетите Американски Држави (САД) и Унгарија потпишаа договор за нуклеарно гориво вреден 114 милиони долари, соопшти Стејт департментот, опишувајќи ги односите меѓу двете земји како „достигнување нови височини на соработка и достигнувања“, јави Анадолија.

„Вестингхаус“, компанија со седиште во САД, ќе снабдува американско нуклеарно гориво за унгарската електрана „Пакс I“, која произведува околу половина од електричната енергија во земјата.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Договорот беше објавен по состанокот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и унгарскиот премиер Виктор Орбан во Вашингтон.

Според Стејт департментот, договорот ја „сигнализира нашата намера да почнеме преговори за олеснување на соработката во цивилната нуклеарна индустрија, вклучувајќи ги малите модуларни реактори и складирањето на потрошено гориво“.

Се додава дека САД и Унгарија работат на тоа Будимпешта да стане центар на новиот пазар на малите модуларни реактори во Централна Европа, имплементирајќи „водечки американски нуклеарни иновации за да се поттикне нова трансатлантска индустрија“.

Поврзани вести