САД: Над 30 милиони заразени од коронавирусот

Во САД од почетокот на пандемијата се регистрирани повеќе од 30 милиони инфекции со коронавирус, јави ДПА.
Податоците од Универзитетот Џон Хопкинс, што беа ажурирани доцна синоќа, покажуваат дека земјата го минала новиот рекорд во случаите на инфицирани со вирусот.
Ниту една друга земја во светот не забележала толку многу случаи и најверојатно во неа има и голем број на инфекции што не се регистрирани.
САД, исто така, се најтешко погодената земја во светот според апсолутниот број на смртни случаи од Ковид-19, бидејќи досега се забележани повеќе од половина милион умрени, додава ДПА.
Државата, со население од околу 330 милиони жители, во моментов спроведува брза вакцинација на популацијата, бидејќи веќе над 46,3 милиони лица се целосно вакцинирани, додека повеќе од 85,4 милиони ја добиле барем првата доза.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.