САД „нема да заминат“ од Украина



„Нема да заминеме бидејќи ако го направиме тоа, Украина ќе биде потчинета и нема да заврши тука. Соседите на Украина ќе бидат загрозени, цела Европа ќе биде загрозена“, рече Бајден

ФОТО: EPA-EFE/Daniel Cole / POOL MAXPPP OUT

Американскиот претседател Џо Бајден вели дека САД „нема да си заминат“ од Украина, која се бори против руските сили повеќе од две години.

„Нема да заминеме бидејќи ако го направиме тоа, Украина ќе биде потчинета и нема да заврши тука. Соседите на Украина ќе бидат загрозени, цела Европа ќе биде загрозена“,

рече Бајден за време на комеморацијата на 80-годишнината од Денот Д во Нормандија.

Тој го оквалификува рускиот претседател Владимир Путин како „тиранин наклонет кон доминација“.

„Украина е нападната од тиранин, тие се борат со извонредна храброст, трпат големи загуби, но никогаш не се повлекуваат“,

рече тој.

Бајден вети дека НАТО и пошироката проукраинска меѓународна коалиција ќе застанат цврсто со Украина и „нема да заминат“.

Тој го нарече НАТО „најголемиот воен сојуз во светот“ и додаде дека е „порешителен од кога било да го задржи мирот“.

„Изолацијата не беше одговорот пред 80 години и не е одговорот денес“,

додава Бајден.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: