САД одбележуваат 18 години од терористичките напади на 11 септември (ВИДЕО)

Во САД денес ќе бидат одбележани 18 години од терористичките напади на 11 септември 2001 година во Њујорк и Вашингтон.
Терористите од Ал-Каеда киднапираа авиони кои потоа удрија во кулите близначки во Њујорк и во Пентагон при што убија околу три илјади луѓе. Во нападите загинаа точно 2974 лица, а во четирите киднапирани авиони настрадаа вкупно 266 луѓе. Меѓу загинатите се и 343 пожарникари, 23 полицајци од Њујорк, уште 37 полицајци кои биле во Светскиот трговски центар, потоа 125 цивили и членови на војската во Пентагон.
Десет години подоцна, во мај 2011 година, американските сили го убија лидерот на Ал-Каеда, Осама бин Ладен, во операција одобрена од тогашниот претседател Барак Обама.
На денешната комеморација ќе присуствуваат претседателот Доналд Трамп и потпретседателот Мајк Пенс.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.