САД парализирани од снежното невреме, најави за нов снег

Снежно невреме ги парализираше Соединетите американски држави(САД), а во текот на денот се очекуваат од 30 до 60 сантиметри нов снег.

Вонредна состојба е прогласена во пет сојузни држави , Масачусец. Род Ајленд, Њујорк, Конектикат и Мејн. Откажани се илјадници летови, а стотина илјади домови останале без струја.
Си-ен-ен јавува дека околу 530 илјади домаќинства во девет североисточни држави останале без струја, преку 300.000 само во Масачусец.
Њујоршката полиција соопшти дека едно лице загинало во сообраќајна несреќа предизвикана од невремето.
Њујорк подготви 200 илјади тони сол, а градоначалникот на Бостон, каде што денес се предвидува да наврнат до 60 сантиметри снег, ги повика граѓаните да работат од дома.
И во Масачусец е забрането возењето, а граѓаните се замолени да останат дома. Мнозинството уште во петок набавија потребни количества храна.
Метеоролозите предвидуваат дека ова ќе биде една од најголемите снежни бури, незапаметена во поновата американска историја.
Макфакс
Снежно невреме ги парализираше Соединетите американски држави(САД), а во текот на денот се очекуваат од 30 до 60 сантиметри

Пронајдете не на следниве мрежи: