САД прогласија четири групи во Европа за терористички, едната е од Грција

Американскиот Стејт департмент денес означи четири европски ограноци на групата Антифа како странски терористички организации.

Според веб-страницата на Стејт департментот, станува збор за организацијата Антифа Ост во Германија, како и три други групи во Италија и Грција.

Одлуката за карактеризирање на овие групи како терористички организации ја поддржува иницијативата на претседателот Доналд Трамп насочена кон демонтирање на самопрогласените антифашистички мрежи и организации кои користат политичко насилство и терористички акти за да ги загрозат демократските институции, уставните права и основните слободи.

Групите поврзани со ова движење се придржуваат до револуционерни анархистички или марксистички идеологии, вклучувајќи антиамериканизам, антикапитализам и антихристијанство, кои ги користат за поттикнување насилство и оправдување на насилни напади дома и во странство, се вели во соопштението.

Се додава дека САД ќе продолжат да ги користат сите расположливи средства за да ја заштитат својата национална безбедност и да го попречат финансирањето на тероризмот, вклучително и таргетирање на други групи Антифа низ целиот свет.

Пронајдете не на следниве мрежи: