Германија е трет најголем извозник на оружје во светот, веднаш зад САД и Русија, покажа петгодишниот извештај објавен во понеделник од Сипри, агенција со седиште во Стокхолм.Од 2008 до 2012 година, Германија била договорна за извозот на седум отсто од глобалниот извоз на оружје.Соединетите Американски Држави извезуваат 30 отсто од целокупното светско оружје, а Русија 26 отсто.Сепак, извозот на оружје од Германија се намалил за три отсто од 2008 година, кога изнесувал 10 отсто.Европските земји добиваат 35 отсто германско оружје во последните пет години, а следат Азија и Океанија со 31 отсто и Америка со 17 отсто.Блискиот Исток добива само 14 отсто германско оружје,и тоа се должи на неколку скапи договори со Саудиска Арабија и Катар, кои се уште се под знак прашалник.Овие договори и уште еден со Алжир од лани, додадоа гориво на долгогодишната дебата дали Германија треба да извезува оружје во насилни региони.На петто место е Кина, која е најбрзо растечки извозник на оружје, покажала студијата, а успеа и да ја истурка Велика Британија од првите пет извозници на оружје за прв пат откако се прават извештаите на Сипри од 1950 година.
МакфаксГерманија е трет најголем извозник на оружје во светот, веднаш зад САД и Русија, покажа петгодишниот извештај објавен